Гласачкото ливче ја има најважната улога во изборниот материјал. Тоа им овозможува на граѓаните да го исполнат своето право на глас и слободно да одберат.
Гласачкото ливче има пет варијанти од кои: на македонски јазик, на македонски и албански јазик, македонски и турски јазик, македонски, ромски и албански јазик, македонски, албански и српски јазик, во зависност од општините во кои живеат граѓани од различни етнички заедници. Покрај тоа, ќе се користи и шаблон со Брајова азбука за лицата со оштетен вид.
На гласачкото ливче има реден број, име и презиме на кандидатот кој го предложува кандидатот и партиски симбол доколку кандидатот е предложен од партија. На позадината на ливчето има гиош елемент кој не може да се копира или скенира.
Гласачкото ливче има видливи и невидливи елементи, кои служат за заштита. Има влакна во две бои – кои се видливи и две влакна кои се различни и невидливи, видливи се само со УВ ламба. Компанијата која ги печати гласачките ливчиња предложува еден елемент кој е таен и невидлив, а исто така и претседателот на Комисијата предложува еден, кој само тој го знае.
За еден гласач има по едно гласачко ливче.
На кочанот на гласачките ливчиња има нумерација, знаме, општини и избирачко место.
При предавањето на изборниот материјал се составува записник во кој треба посебно да се наведе вкупниот број на гласачки ливчиња со сериските броеви и потребниот број листи на кандидати што се истакнуваат во просториите за гласање, како и друг материјал потребен за гласање.
Записникот го потпишуваат претседателот и членовите на избирачкиот одбор и членот на општинската изборна комисија кој го предава материјалот.
Ако присутните претставници на подносителите на листи имаат забелешки за предавањето на изборниот материјал, тие имаат право да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.
При предавање на изборниот материјал право на присуство имаат и овластените набљудувачи.
А. Петровска