Граѓанскиот активист, Самет Шабани од Хоризон Цивитас, на панел дискусијата од Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ на тема – национализам, смета дека кај нас параметрите на национализмот се градат преку негативен идентитет кон другиот – што повеќе го мразиш толку повеќе ги сакаш своите.
„Спортот е таков пример, кој многу се злоупотребува од популистички и политички цели“, вели тој.
Шабани вели дека има два ефикасни начини за справување со национализмот. Контра наративот е преку отворено спротивставување веднаш, со истата мера што е потребна за да се шири национализмот. Долготорајно, според него, е добро да се спроведуваат алтернативни наративи што можат да донесат инмпакт на подолг период, со позитивни начни за придонес на целото општество.
Тој додава дека образованието игра голема улога во градење на национализмот, односно по предметот Историја децата учат пред сè за војни.
„Треба прво да се работи со наставниците да го променат своето размислување и начин на предавање“, истакна тој, додавајќи, дека при имплементирајќи еден проект на невладиниот сектор каде што целта е да се интегрираат учениците, пред почетокот на активност им вели на учениците: „Пазете не се мешајте многу“, или во друг случај при едно недоразбирање меѓу ученици од различни етнички заедници, наставникот го решава проблемот велејќи: „Немој така па и тие се луѓе“…
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска