„Што се однесува до граѓанското општество, сметам дека беше едно од главните столбови во промените, особено во последните седум-осум години, кога и почнаа првите чекори на некој вид на будење против тогашната власт“, изјави Самет Шабани од Хоризон Цивитас на панелот на ЦИВИЛ „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?“.
И всушност оттука започна свесноста за таа разлика, и тоа што денес го нарекуваме европски вредности. Знаеме и дека во европските земји, првите чекори на промена почнаа токму за почитување на нарушеното достоинство. Некои сигнали од тоа видовме во последната деценија, почнувајќи со протестите за законот за високо образование во 2014, итн. И тука општеството беше еден од главните столбови за стимулирање на таков вид промена, и со тоа мислам дека играше една голема улога, барем во последните 7-8 години. Освен тоа, сега како што е во тренд евроинтеграцијата, и тоа што интеграцијата во ЕУ ја сметаме на ниво на институционална интеграција, мислам дека главната улога треба да ја игра граѓанското општество, за интеграција на мајндсетот, тоа што спомнавме, менталитетот.
На Балканот сме имале воени конфликти од национален карактер. Не сме имале борба или војна, или конфликт за човекови права, туку повеќе од идентитетски аспект. Имаме недостаток од борба за човекови права.
Првиот чекор до шесте столбови на европските вредности, е размислување на хуманистички начин. Најпрво е важно да изградиме начин на мислење дека секој човек е еднаков, дека етничката или верската припадност ја минимизира или зголемува вредноста како човек, односно, дека секој човек треба да ги има истите права, изјави меѓу другото Самет Шабани од Хоризон Цивитас на панелот на ЦИВИЛ „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?“.