Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Христина Серафимовска на панелот на ЦИВИЛ „Попис: Статистика да, политика не“:
-Мојот став е општо познат, и никако со позицијата да се сретнеме. Секој си држи до својот став. Се нема желба за комуникација и разбирање. Ние кажавме дека не сме против попис, но владата секогаш вели дека сме против. Попис е потребен, сите се бориме за да има попис. Тоа како да не е јасно во јавноста или како да се злоупотребува намерно. Дали треба да има попис ради попис или попис за добивање на реални бројки? Ќе има добар дел од населението што нема да се попише од различни причини. Ние не повикуваме директно на бојкот но сакаме да се вложи во корекција на аномалиите и да се вложи во вистински попис, власта не презема ништо да влее доверба. Ние мора да признаеме дека на волку жртви и заболени многу ќе биде логичино некој да не дозволи комисијата да влезе внатре кај него и да се попише. Царовска забранува тренирање на клубови во училишни сали, бидејќи не гарантира дека следниот ден кога ќе има настава, нема да има пренос на вирусот. Има поединци кои на секој попис не сакаат да се попишат. Аномалијата е во дијаспората каде нема доволна информираност. Добар број на земји дека воопшто не е проследена информација за попис на населението, веке луќе имаат испуштено да се попишат. Власта не дозволува одложување барем на неколку месеци, дури и на една година. Што ќе смени неколку месеци или една година кога веќе 20 години немаме попис.
This post is also available in: English