Граѓанките и граѓаните од Скопје, Велес, Куманово, Битола, Струмица и Прилеп веќе активно делуваат преку стекнатите знаења во граѓанското новинарство. Преку семинарите за граѓанско новинарство во организација на ЦИВИЛ имаа можност да се започнаат со практични знаења од областа на новинарството, објективното и навремено информирање и известување, како и за технолошките придобивки на модерното време.
Серијата регионални семинари продолжува во Штип, 12 мај, од 11 до 17 часот, во Дом на млади, а право на учество имаат сите заинтересирани граѓанки и граѓани од општините Штип, Виница, Кочани, Радовиш, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Карбинци.
Останува уште малку време за пријава. Сè што е потребно е добра волја, желба и ентузијазам. И се разбира, да се пријавите на овој линк или на слединов формулар.
[vfb id=3]
#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект веќе трета година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата.