Мугер Фугер е македонски инди-рок бенд формиран во 2004 година. Името на бендот произлегува од аналогните педали „Мooger Fooger“. Препознатливи се по испреплетувањето на повеќе жанрови и влијанија од неопсиходеличната музика, пост панкот, алтернативната музика, фанкот и рапот. Тие се бенд кој успева да направи симбиоза на она што навидум е неспоиво, преку соработка реализирана со силни индивидуалци. Пред нивниот настап на концертот на Караванот на слободата во Струмица на 11ти август, со Сеад Хаџиќ – Сецко, идеен творец на бендот, зборуваме за уметноста и слободата.
ЦИВИЛ Медиа: Што претставува за вас слободата?
ХАЏИЌ: Секој од нас, артистите, треба да знае дека слободата е се! За секој оној кој одбрал да се бави со уметност и да го работи она што лично го засега и сака, да ги изразува своите ставови, без да биде субвенциониран за тоа.
ЦИВИЛ Медиа: Колку уметникот треба да се жртвува за слободата?
ХАЏИЌ: Уметноста е жртва. Уметниците кои патувале во Париз велеле, ако веќе мора да гладувам, тоа нека биде онаму каде луѓето се насмеани!
ЦИВИЛ Медиа: На 11-ти август ќе настапите на концертот на Караванот на слободата во Струмица…
ХАЏИЌ: Драго ни е што ќе настапиме на Караванот на слободата во организација на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ Медиа: Колку уметниците во Македонија се општествено и социјално ангажирани?
ХАЏИЌ: Кај нас, уметниците се сведени на ниво да преживуваат, а тие што сакаат да живеат малку подобро од другите, мора да бидат под контрола на власта. Тоа, за жал, го гледаме насекаде околу нас. Нема уметност во тоа!
Во продолжение следува целосното интервју.
Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди граѓанската свест и граѓанското учество во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.