Дивите тезгаџии викендов повторно се вратија на своите стари места на Бит-пазар. Секојдневните полициски патроли и контроли не ги спречуваат дивите продавачи да продаваат, бидејќи тоа им е еднинствен начин на заработка, пишува анонимен граѓански новинар.
„Кога доаѓаат полицајците ја собираме робата и бегаме, некогаш се случува да ја оставаме робата на тезгите и кога ќе си заминат полицајците, ние повторно се враќаме да продаваме. Ова ни е единствен начин да заработиме и да однесеме леб дома на децата. Ние не крадеме, чесно заработуваме“, вели еден тезгаџија кој сака да остане анонимен.
Пред извесен период Град Скопје ги отстрани дивите тезги од пешачката патека кај „26 јули“ на Бит-пазар бидејќи ќе постават клупи за седење и ќе насадат дрва.