„Музејот на НОБ во Крушево е оставен на забот на времето. Фасадата на објектот се распаѓа од сите страни. Влага тече по надворешните ѕидови, а околу објектот има многу нечистотија“,известува еден граѓански новинар од Крушево, којшто избира да остане анонимен.
Во својот допис до ЦИВИЛ тој додава дека овој музеј во којшто треба да биде сместено дел од културно-историското наследство од светлата македонска револуционерна историја на Крушево и Македонија е всушност затворен за посетители.
This post is also available in: English