„Постојано детектираме неколку проблеми кои се многу важни и треба да се средат, а тоа е неажурноста на избирачкиот списокот, и на овие избори видовме поплаки од граѓани кои ги нема на списокот, овие проблеми не се решени, потоа имаме нееднаквост во знаењата и вештините на луѓето кои ги спроведуваат изборите, треба ДИК да ги зајакне капацитетите, секако дека е сложен процес, луѓето кои учествуваат во изборната администација се избираат преку ждрепка, но во секој случај треба да се направи да се зголемат нивните вештини да се справат со секакви вештини“, истакна Петрит Сарачини, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“.
„Имаше неколку изборни циклуси каде граѓаните и граѓанскиот сектор кои беа задоволни од обработката на резултатите, за жал последниот изборен циклус имавме ситуација која кај голем број граѓани покажа сомнеж. ДИК треба да најде начин како тој процес да биде многу побезбеден и да не се дозволуваат падови кои во очите на граѓаните ќе предизвика таков процес.
Нееднаквост и нетранспарентност во финансирањето на политичките партии, и увидот во начинот на кој партиите ги финансираат своите кампањи.
Како е возможно партиите да бидат во минус по завршувањето на изборите?
Неедаквото информирање во медиумите сериозно влијае на правото на граѓаните на информиран избор, во сите меѓународни документи тоа е едно од клучното право на граѓаните, а општо и изборите да бидат демократски.
Начинот на претставување на партиите во медиумите треба да се измени и да претставува плурализам, не е добро за демократијата ни за граѓаните кои треба да добијат избор.