Сарачини ги демантира дезинформациите на бившите директори на Драмски, Тасевски и Вељановски

По текстот објавен денеска во неколку интернет портали, меѓу кои и оној во „Денешен“ под наслов „Петрит Сарачини вршел пристиок врз Сашо Тасевски по секоја цена да најде криминал на „вмровскиот“ директор“ пристигна и демант од Сарачини:

 

Повторно хајка со гнасни лаги кон мене, овој пат од бившите директори на Драмски театар, Вељановски и Тасевски. Нормално, лагите веднаш се шират по вообичаените портали задолжени за дезинформации. Три години не сум советник за култура, не можат уште да ме „преболат“.

Да ги потсетам, кога јас го завршив мојот советнички ангажман, Тасевски се уште беше директор, а кон Вељановски немаше никакви постапки, иако три месеци откако беше сменет му протече театарот после „реновирање“ , а токму Тасевски се јавуваше во паника, плукаше по претходникот и бараше совети како да се справи со ситуацијата и медиумите.

Сега директориштава што не можеа еден кров на театар да средат, „вељики гљумци“ а богами и политичари – се од иста „страна“. Барам јавно извинување од нив, ако не, ќе се соочат со тужба за клевета. А медиумите што пренесуваат лаги без да прашаат втора страна ќе ги пријавам преку саморегулаторните механизми, а и на суд ако треба.

Мора да се стави крај на оваа лакрдија од јавна дебата, во која секој се осудува да гази по човечки интегритет и достоинство. Доста беше трпење на лудило и омраза. Прегнасно е веќе, не се трпи.

Сарачини ги повика Вељановски и Тасевски јавно да се извинат. Тој навести и дека ќе ги пријави медиумите кои шират лажни вести без да ја прашаат втората страна преку саморегулаторните механизми, а доколку е потребно, ќе ја бара правдата и на суд.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ