Рокот за пријавување на семинарот на ЦИВИЛ во Штип истекува на полноќ

ЦИВИЛ организира дводневен семинар „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ и наредниот викенд, овојпат во Штип, на 31 октомври и 1 ноември во хотел „Оаза“ со почеток во 11 часот . Со максимално почитување на мерките за заштита од коронавирусот, максимум дваесет луѓе ќе учествуваат во семинар на кој ќе се стекнат со нови информации и вештини за учество во политичките процеси.

На семинарот може да учествуваат сите заинтересирани граѓанки и граѓани од Источниот и Вардарскиот регион. Превозот од општините, освен од Штип е покриен во висина на автобуски билет. За рефундирање на средствата потребна и сметкопотврда.

Повикот истекува денеска, 29 октомври на полноќ. Овој семинар е одлична можност за сите граѓанки и граѓани кои сакаат да соработуваат во проектите, иницијативите и активностите на ЦИВИЛ. Меѓу другото, ЦИВИЛ на овој семинар ќе ги резимира резултатите од претходните граѓански иницијативи, меѓу кои и онаа за укинување на привилегиите на функционерите.

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Предавачите, меѓу кои и Џабир Дерала, Петрит Сарачини, Зоран Иванов, Биљана Јордановска и Дехран Муратов, ќе одржат низа интерактивни работилници во кои учесниците ќе се запознаат со практични и теоретски содржини на повеќе теми како транспарентност, борба против корупцијата, медиумска писменост и препознавање на лажните вести и дезинформации, мониторинг на избори и на состојбите со човековите права и слободи. Програма и содржини што не се пропуштаат!

На семинарот ќе присуствуваат и новинарот Војо Маневски и претседателката на Совет на Општина Штип, Маријана Поповска, кои ќе споделат нивни искуства за транспарентните и одговорни политички процеси на локално ниво, како и за застапеноста во медиумите.

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Поради новата методологија, ЦИВИЛ ќе ги земе предвид и апликациите на оние граѓанки и граѓани кои и претходно учествувале во мониторингот или во други проекти, семинари и активности на ЦИВИЛ. Патните трошоци, храната и престојот покрива организацијата.

ЦИВИЛ тим за комуникации