Рокот за аплицирање за набљудувачи на ЦИВИЛ истекува утре на полноќ

ЦИВИЛ ги потсетува сите заинтересирани да станат краткорочни набљудувачи на изборите дека крајниот рок за аплицирање е утре, петок, 26 јуни, на полноќ.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈАТА

Изборот на набљудувачите ќе биде завршен на 29 јуни, за да се започне со обуки веднаш потоа. ЦИВИЛ ги повикува сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.

Како што е познато од претходните соопштенија на оваа тема, функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач во две организации истовремено.

Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни и имаат обврска да покријат повеќе избирачки места во текот на изборниот ден.

Да се биде набљудувач на ЦИВИЛ подразбира најстрого придржување кон мерките и протоколите за заштита од ширење на коронавирусот и максимално почитување на Изборниот законик, Кодексот за набљудување од ДИК, Кодексот на набљудувачите на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ воведе здравствени протоколи за 100% безбедност на набљудувачите. Подготвени се планови за обуки во повеќе градови низ земјата. Обуките на набљудувачите на ЦИВИЛ ќе се спроведат комбинирано: задолжителна онлајн обука и физичко присуство кое е пожелно, но не и задолжително. Обуките ќе вклучуваат максимум 30 учесници.

Краткорочните набљудувачи се активираат со почетокот на изборниот молк, најактивни се на изборниот ден, 15 јуни, а своите конечни извештаи ги испраќаат најдоцна до 19 часот наредниот ден.

Хонорарот за набљудувачите изнесува до 70 евра (со вклучен персонален данок, нето износот е околу 63 евра). За најуспешните пет набљудувачи ќе бидат обезбедени и дополнителни хонорари од 20 до 40 евра (бруто).

Од тимовите за мониторинг на овие избори, на најуспешните двајца ќе им бидат понудени подолготрајни ангажмани во проектите на Организацијата.

This post is also available in: Albanian