Твитот на Поцков (@GPockov) во кој се разобличува лажна вест е топ твит во моментов. Во својот твит, Поцков имплицира дека оваа лажна вест доаѓа од „Белата палата“ каде што оние што се во ланецот на продукција и дистрибуција на лажните вести примаат хонорари од по 15.000 денари месечно.
Веќе жал ми е за ботовите што се под притисок да креираат фејк њуз материјал за да си ги оправдаат оние 15.000 што им ги даваат во белата палата. pic.twitter.com/FNzVLMx3bQ
— Поцков (@GPockov) September 6, 2020
Фотографијата на која се гледа викендичка која, наводно, му припаѓа на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, е фотографија на недвижнина во Канада, поточно во местото Келоун, во Британска Колумбија.
Лажната вест е споделена од Шефот (@The_Chief86) кој често споделува лажни вести и говор на омраза на Твитер. И тука, лажната вест од Шефот е придружена со ироничен коментар: „Ова е куќата на левичарот до коска Шилегов. Некои од вас можат само да сањаат за ваква викендица“. Сепак, се работи само за една обична лажна вест.
Во денешно време, лесно се откриваат ваквите лажни вести. Пребарувачот Гугл има можност за дел од секунда да ги пронајде фотографиите што се користат на социјалните мрежи и во интернет медиумите. Добра вест за љубителите на фактите, лоша за пропагандистите.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ