Раткоцери: Дел од медиумите се принудени да му служат на политичкиот пазар, а не на граѓанинот

АРБЕН РАТКОЦЕРИ, уредник на весникот „Коха“

Слободата и развојот на медиумите во Северна Македонија како хибридна демократија е тесно поврзана со развојот и нивото на демократијата на целокупното општество и економскиот развој.

Заради развојот на социјалните мрежи, проблемот со слободата на новинарите нема толку врска со слободата на изразување, колку што има врска тоа што слободата на медиумите е диктирана од економскиот опстанок на пазарот.

Заради нееднаквоста која ја диктираат различни политички партии, дел од медиумите се принудени да му служат повеќе на политичкиот пазар, отколку да му служат на граѓанинот или граѓанската совест.


По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, сите содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ на овој ден се достапни за објавување според лиценцата Creative Commons 4.0.