Раководител на образовна установа испраќал СМС покани до вработени за „задолжително присуство“ на митинг на ДУИ

СМС покани за присуство на предизборен собир на Демократската унија за интеграција биле испраќани од раководител во образовна установа до вработените, со назнака дека „присуството е задолжително“. Оваа постапка беше пријавена во Мониторинг тимот на Цивил од лице вработено во установата, кое сакаше да остане анонимно, поради можни реперкусии во работата.

„Испраќањето покани е во ред. Но, да се бара задолжително присуство не е во ред“, вели лицето вработено во установата, кое до тимот на ЦИВИЛ испрати и докази за СМС-комуникацијата и пораката од раководителот на установата.