СМС покани за присуство на предизборен собир на Демократската унија за интеграција биле испраќани од раководител во образовна установа до вработените, со назнака дека „присуството е задолжително“. Оваа постапка беше пријавена во Мониторинг тимот на Цивил од лице вработено во установата, кое сакаше да остане анонимно, поради можни реперкусии во работата.
„Испраќањето покани е во ред. Но, да се бара задолжително присуство не е во ред“, вели лицето вработено во установата, кое до тимот на ЦИВИЛ испрати и докази за СМС-комуникацијата и пораката од раководителот на установата.