Првата дама во соработка со UNFPA обезбедува помош за бремени жени, лица со попреченост и стари лица

Првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, во соработка со преставништвото на меѓународната организација UNFPA кај нас обезбедуваат потребна помош за бремени жени, стари и изнемоштени лица и лица со попреченост.

УНФПА одговор на пандемијата со Ковид-19

Глобалната #COVID19 криза не е веќе само здравствена, туку е и социјална и економска криза. За полесно надминување потребна е соработка, солидарност и партнерство на сите клучни сектори во општеството!UNFPA MK, во партнерство со Првата дама на Северна Македонија и со Кабинетот на претседателот Stevo Pendarovski, преку својата програма даде поддршка на јавно-здравствените установи во насока на превенција на ширење на #COVID19, пред се за потребите на жените, особено бремените жени, лицата со попреченост и старите лица.Донацијата се доставуваше во првата недела на април, со пораките на солидарност и заедништво на Првата дама на РСМ Елизабета Ѓоргиевска и на шефицата на Канцеларијата на УНФПА во РСМ, Афродита Шаља.UNFPAUNFPA Eastern Europe & Central AsiaUN_MK

Gepostet von UNFPA MK am Dienstag, 14. April 2020

 

„Деновиве се испорачуваат пратки на донирана помош на жените, особено бремените жени, старите лица и лицата со попреченост. Обезбедувањето вистинска грижа ја јакнат безбедноста, достоинството и правата на овие лица.

Ним им треба нашата помош.

Да бидеме хумани и солидарни бидејќи сите сме загрозени.“ – напиша Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска на својот Фејсбук профил.

Глобалната #COVID19 криза не е веќе само здравствена, туку е и социјална и економска криза. За полесно надминување потребна е соработка, солидарност и партнерство на сите клучни сектори во општеството!

UNFPA MK, во партнерство со Првата дама на Северна Македонија и со Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, преку својата програма даде поддршка на јавно-здравствените установи во насока на превенција на ширење на #COVID19, пред сѐ за потребите на жените, особено бремените жени, лицата со попреченост и старите лица.

Донацијата се доставуваше во првата недела на април, со пораките на солидарност и заедништво на Првата дама на РСМ Елизабета Ѓоргиевска и на шефицата на Канцеларијата на УНФПА во РСМ, Афродита Шаља.