Граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен до ЦИВИЛ Медиа испрати видео од протестот пред Основниот суд во Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ повика на протест откако Основното јавно обвинителство издаде наредба за апсење на 36 осомничени за насилствата од 27 април во Собранието.
Според граѓанскиот новинар, ниту присуството на претседателот на партијата Никола Груевски, ниту неговите повици не успеаја да придонесат за помасовен протест.