Граѓанските новинар(к)и се насекаде и секогаш се први на местото на настаните. Тие се очите на вистинската слика во која живееме. Видеата на граѓанските новинари не се лепени, сечени и монтирани, тие се вистински. Токму аматерските снимки на граѓанските новинар(к)и се најмоќните и најгледаните содржини што го менуваат општеството и ја реметат комоцијата на одредени политички, бизнис, спортски или верски структури.
Во изминатиите три години, граѓанските новинар(к)и објавија видео снимки за лошите услови во македнските затвори, здравствени установи, училишта, градинки, студентски домови, прифатилишта за бездомни лица... Исто така објавија и за злоупотраба на деца за политичка кампања, питачење, верски обреди... Стотина видео прилози ќе се најдат на големите монитори што ќе се бидат достапни за публиката на ЦИВИЛ ФЕСТ.
„Ние сме лоповска држава“ е еден од најгледаните видео прилози на Јутуб каналот на ЦИВИЛ (над 35.000 прегледи). Како ФБ видео, одамна помина еден милион прегледи. Овој прилог е само еден од стотиците видео прилози на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Селекција од тие прилози ќе бидат прикажувани на ЦИВИЛ ФЕСТ на 10. и 11. декември.
Токму преку снимките на граѓанските новинар(к)и, јавноста имаше можност да види и слушне говор на омраза на спортските натпревари или на партиските митинзи или собири... Во текот на изминатите три години, додека се спроведуваше проектот „Граѓански објектив“, тимот на ЦИВИЛ направи и многубројни видео стории заедно со граѓанските новинарки и новинари од целата земја.
Таков е случајот со документарецот „Шести“ што го подготвивме следејќи ја трагата на една фотографија од граѓански новинардо ЦИВИЛ.
Програмата на ЦИВИЛ ФЕСТ предвидува и премиерна проекција на документарниот филм за Караванот на слободата што ЦИВИЛ го водеше во 2016 година.
ЦИВИЛ ги охрабрува граѓанските новинар(к)и да продолжат да снимаат, бидејќи само со разоткривање на лошите политики и практики, ќе се изврши притисок врз институциите да работат транспарентно и одговорно.
Дехран Муратов
This post is also available in: Albanian