Граѓанскиот новинар Вулнет Махмути освои четврта награда за својата сторија Градските автобуси топол „дом“ за бездомниците , кои ЦИВИЛ – Центар за слобода ги доделува на највлијателните стории на граѓанските новинари.
На фотографиите кои ги испрати тој до ЦИВИЛ, се гледа како пет малолетни деца спијат во задниот дел од автобусот со број 56.
Махмути вели дека овој случај го видел едно утро додека одел на работа и дека патниците во автобусот дофрлувале коментари и се запрашувале дали има некоја институција која ќе води грижа за ваквите случаи во државава.
Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска