Презентација на граѓанското новинарство на Широк Сокак

ЦИВИЛ одржa јавна презентација на проектот „Граѓански објектив“ на плоштадот Магнолија, Широк Сокак, во четврток, 30 август, со почеток во 20 часот.

Преку проекција на фотографии, видео содржини и разговор со заинтересираните граѓанки и граѓани, тимот на ЦИВИЛ  го приближи граѓанското новинарство до битолската јавност. Голем број битолчанки и битолчани се интересираа како да станат граѓански новинар(к)и, меѓутоа и како да се вклучат во мониторингот на референдумскиот процес.

Преку овој проект, се артикулираат заложбите за транспарентни и одговорни политички процеси преку поддршка и популаризација на граѓанското новинарство, јакнење на јавната свест и активизам за човекови права, слобода на изразувањето, демократија и слободни избори. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: Albanian