ЦИВИЛ одржa јавна презентација на проектот „Граѓански објектив“ на плоштадот Магнолија, Широк Сокак, во четврток, 30 август, со почеток во 20 часот.
Преку проекција на фотографии, видео содржини и разговор со заинтересираните граѓанки и граѓани, тимот на ЦИВИЛ го приближи граѓанското новинарство до битолската јавност. Голем број битолчанки и битолчани се интересираа како да станат граѓански новинар(к)и, меѓутоа и како да се вклучат во мониторингот на референдумскиот процес.
Преку овој проект, се артикулираат заложбите за транспарентни и одговорни политички процеси преку поддршка и популаризација на граѓанското новинарство, јакнење на јавната свест и активизам за човекови права, слобода на изразувањето, демократија и слободни избори. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.
This post is also available in: Albanian