Лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата во изборниот процес, предвремено започната изборна кампања, политичкото финансирање, мерки за заштита од коронавирусот, пораките и мониторингот на ЦИВИЛ, се темите за кои ќе стане збор на утрешната (2 јули) прес конференција на ЦИВИЛ, со почеток во 13 часот. Прес конференцијата ќе се одржи како и минатиот пат, на отворено, пред седиштето на ЦИВИЛ на ул. Максим Горки 31.
Прес конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.
Оваа прес конференција е важна и за сите набљудувачи на ЦИВИЛ, како и за граѓанките и граѓаните што се заинтересирани за вклучување во изборниот мониторинг. Затоа, организацијата ги повикува и сите заинтересирани, да ја следат оваа прес конференција.
ЦИВИЛ, Тим за комуникации