Повик за учество на семинар за транспарентни и одговорни политички процеси

ЦИВИЛ започнува со новата серија на регионални семинари, а во тек е и пријавувањето на заинтерсираните за првиот што ќе се одржи во Штип. Семинарот носи наслов „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“, и претставува своевиден континуитет на семинарите што ЦИВИЛ ги организираше изминатите четири години, а на кои учествуваа близу илјада граѓанки и граѓани од сите краишта на Северна Македонија.

Во пресрет на новите предизвици и проекти, ЦИВИЛ има потреба од проширување на својата соработничка мрежа со нови луѓе, волонтери и хонорарци. Еден од најдобрите начини за меѓусебно запознавање и почеток на соработка се семинарите во проектот на ЦИВИЛ „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“. Многумина што се повеќегодишни членови на проектните тимови на ЦИВИЛ, соработката ја започнале токму со семинар на ЦИВИЛ.

Новата серија на регионални семинари се во многу нешта различни од претходните триесетина вакви настани. Тие се уште подинамични и обработуваат богатство од теми што се соодветни на општествено-политичките состојби и процеси во земјата. Во секој случај, се работи за континуитет, бидејќи ЦИВИЛ останува и понатаму посветен на јакнење на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство со кои се промовираат транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржуваат низ целата држава. Семинарите се дел од проектот Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси, финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред. 

Првиот од вкупно 8 семинари ќе се одржи во Штип на 28 септември (сабота), во хотел Оаза со почеток во 10 часот. Повикот за учество на семинарот трае до 25 септември (среда).

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

На семинарот може да се пријават сите заинтересирани граѓанки и граѓани од општините во Источниот плански регион: Берово: Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

This post is also available in: English