ЦИВИЛ продолжува со регионалните семинари за граѓански новинарки и новинари низ земјата. Овој пат на мапата на Граѓански објектив е Велес. Семинарот ќе се одржи на 14 април (сабота) во хотел Гарденија - Велес.
Сè што треба да направите е да се пријавите на следниов линк и со себе да понесете желба за освојување на нови простори каде граѓанските новинарки и новинари се носители на новинарството кое известува без страв и без услуги. Исто така може да се пријавите на следниов формулар.
[vfb id=3]
Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Велес, Свети Николе, Лозово, Неготино, Кавадарци, Градско, Росоман и Чашка.
Овој повик е дел од проектот Граѓански објектив и е шести во новата серија семинари за обука на граѓански новинарки и новинари низ целата земја.
#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект веќе трета година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Основна цел на проектот Граѓански објектив е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.
Доколку сметате дека поседувате доволно волја, ентузијазам и борбен дух, побрзајте и пријавете се!
М.И.