Повик за учество на семинар за граѓански новинар(к)и во Прилеп

ЦИВИЛ продолжува со регионалните семинари за граѓански новинарки и новинари низ земјата. Овој пат на мапата на Граѓански објектив е Прилеп. Семинарот ќе се одржи на 28 април (сабота).

Сè што треба да направите е да се пријавите на следниов линк и со себе да понесете желба за освојување на нови простори каде граѓанските новинарки и новинари се носители на новинарството кое известува без страв и без услуги. Исто така може да се пријавите на следниов формулар.

[vfb id=3]

Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и Демир Хисар.

Овој повик е дел од проектот Граѓански објектив и е седми во новата серија семинари за обука на граѓански новинарки и новинари низ целата земја.

#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект веќе трета година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Основна цел на проектот Граѓански објектив е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.

Доколку сметате дека поседувате доволно волја, ентузијазам и борбен дух, побрзајте и пријавете се!

М.И.

 

This post is also available in: AlbanianEnglish