Гласањето во избирачкото место 2664 е поништено затоа што во кутијата имало три изборни ливчиња повеќе, а од кочанот недостасувале дополнителни две, соопшти Државната изборна комисија.
Од 405 евидентирани гласачи, на ова избирачко место имало 408 гласачки ливчиња. Прегласување на избирачкото место нема да има, бидејќи бројот на гласови не може да влијае на исходот од првиот круг. Избирачкиот одбор на ова избирачко место е разрешен и за нив ќе биде покрената дисциплинска постапка.
ДИК ги разреши и членовите на избирачкиот одбор од избирачкото место 0006 во општина Берово, каде членовите на одборот пропуштиле да утврдат идентитет на гласач, па така наместо болно и изнемоштено лице гласал човек со исто име и презиме како неговото.
М. И.