Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, стартува со две панел дискусии „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“, денеска, со почеток во 12 часот, и „Пандемија и инфодемија“, со почеток во 15 часот, во хотел Парк Резиденс, Скопје.
Изборните реформи е тема на која долго време се дискутира и кои и покрај измените што се воведуваат од еден до друг изборен процес, сепак се далеку од реформи што ќе придонесат кон целосна демократизација на самите процеси, а ќе бидат во најдобар интерес на граѓаните, односно гласачите.
На панелот како говорници ќе учествуваат Оливер Деркоски, претседател на ДИК, Катица Николовска, член на ДКСК, Радмила Лазареска Геровска од Министерство за правда и Благица Димитровска, претседателка на здружението Инклузива. Претставници од ЦИВИЛ ќе бидат Петрит Сарачини и Џабир Дерала. Панел дискусијата ќе ја модерира Биљана Јордановска.
Дискусијата ќе се организира преку платформата Зум, дел ќе биде и со физичко присуство и ќе трае најмногу 1 час и 20 минути. Панелот ќе се пренесува во живо на ФБ страницата на ЦИВИЛ, а содржини од дискусијата ќе се објавуваат потоа и преку другите медиумски платформи на ЦИВИЛ Медиа.
Тема на панелот „Пандемија и инфодемија“ е корона вирусот COVID-19, којшто е оквалификуван како глобална пандемија, предизвикува тензија низ целиот свет. Можноста за создавање и дистрибуирање на лажни вести и дезинформации во овој период останува голема. Некои вести во некои случаи се злонамерно пласирани, за да создадат забуна кај граѓан(к)ите.
На панелот како говорници ќе учествуваат Јасна Бачовска, унивезитетска професорка, Елида Зулбеари, уредничка на Порталб, Филип Стојановски од Метаморфозис, Флака Положани, посебен советник за медиуми и радиодифузната дејност при МИОА и Петрит Сарачини, медиумски експерт и член на ЦИВИЛ. Панел дискусијата ќе ја модерира Дехран Муратов.
Дискусијата ќе се организира преку платформата Зум, дел ќе биде и со физичко присуство и ќе трае најмногу 1 час и 20 минути. Панелот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржини од дискусијата ќе се објавуваат потоа и преку другите медиумски платформи на ЦИВИЛ Медиа.
За време на дискусиите, модераторите ќе ги следат реакциите и прашањата на социјалните мрежи, ќе ги пренесуваат до учесниците во дебатата и ќе ги очекуваат и вашите размислувања и ставови.
ЦИВИЛ Тим за комуникации
This post is also available in: Albanian