На денешниот 23 конгрес на СДСМ се очекува потврда на кндидатурата на Стево Пендаровски за претседател на престојните избори.
Неговата кандидатура беше поддржана од 31 партија што се во коалиција со СДСМ, вклучувајќи ја и ДУИ.
На почетокот на Конгресот свое обраќање имаше и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој истакна дека Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани на Репулбика Северна Македонија.
„Претседател кој е противник на поделбите и излоациите и ја промовира Северна Македонија како глобална и праведна земја. Претседател кој ќе биде конструктивен и принципиелен партнер во започнатите реформски, интеграциски и економски процеси. Стево Пендаровски е тој претседател. Личност со тој интегритет, со сериозно и тепмелно професионално и политичко искуство… Стево е потврда на коцептот „Едно општесто за сите, за напредна евроатланска Реплублика Северна Македонија. Знам дека како претседател на сите граѓани во нашата земја својата сила ќе ја влече и од сите наши граѓани, а не само од оние што ќе го дадат својот глас за неговата победа“, изјави Заев.
Истовремено, во Мала Речица се одржува и седница на Централниот комитет на ДУИ, каде освен за претседателските избори и изборот на Стево Пендаровски, како заеднички кандидат за претседател на државата, ќе се зборува и за конгресот на младината на ДУИ, конгресот на форумот на жените на ДУИ, како и за процесот на пререгистрација на членството.
ВМРО-ДПМНЕ не издржа, па излезе со оценка за изборот на СДСМ за кандидатот Пендаровски. Според нив, тој е нов Зоран Заев, маниплатор кој навредува и лаже.
„Стево Пендаровски е само бледа копија на Заев – извршител на антидржавни политики. Со Пендаровски како претседател би продолжило кршењето на уставот и девалвирањето на правната држава. Владеењето на правото ќе биде само мисловен поим, а поделбата помеѓу граѓаните ќе биде уште поголема од сега. Пендаровски е човек кој пропагира поделба, наспроти Гордана Силјановска Давкова која нуди сплотување и просперитет“, се вели во сооопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ останува убедена дека нивната кандидатка за претседателка на државата, Гордана Силјановска Давкова ќе ја добие потребната поддршка, на сметка на „новиот Заев“, како што го нарекоа Пендаровски.
И покрај јавната поддршка на ВМРО-НП за Пендаровски, одредени медиуми познати од порано како медиумски мегафони на ВМРО-ДПМНЕ, ги искористија коментарите на нивната Фејсбук објава, да прикажат дека мал круг на членови на партијата ја донеле конечната одлука во име на целата ВМРО-НП, обидувајќи се преку тие неколку коментари да прикажат дека водството на партијата претставува тесни интереси, а не на целосното членство.
„Посебна благодарност сакам да изразам до политичката коалиција, предводена од СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инженеринг“ – изјави Стево Пендаровски, по вчерашната средба на 31 партија што ја поддржаа неговата кандитатура.
Биљана Јордановска