Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата во денешната изјава на медиуми одговори дека тој не верува дека веќе е следен, а својот дел го завршил со поднесување пријава во МВР. Таа информацијаја потврди и Оливер Спасовски, од собраниска говорница потврдувајќи дека се работи за две пријави.
За оваа изјава веднаш реплициараа и од ВМРО-ДПМНЕ кои изјавија дека твдењата на Пендаровски се банални, а Спасовски веднаш треба да информира за кои странски служби се работи. Тезета на ВМРО-ДПМНЕ е дека Пендаровски лаже, а јавноста само се заплашува за лични политички бенефити.
Пендаровски, од друга страна, смета дека веќе не е следен и дека самата ситуација не го загрозува неговиот политички интегритет.
Поводот, пак од друга страна, за пресот беше средбата со амбасадорот Клеменс Која, кој е шеф на мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија. На средбата се зборувало за престојните претседателски избори, заложбата на владејачката гарнитура за поголем мониторинг и ветувањето за фер и демократски избори без валкана кампања.
Б. Ј.