Панел на ЦИВИЛ: Орданоски, Бачовска и Адеми со оценка на изборите

На панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Постизборни анализи и оценки“ зборуваат Јасна Бачовска, Сашо Орданоски и Висар Адеми, а ја води Биљана Јордановска.

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА "ИЗБОРИ 2020"

Gepostet von Civil MK am Donnerstag, 16. Juli 2020

Сашо Ордановски вели дека хакерски напад на ДИК е веројатно од надвор, бидејќи нашата земја нема таков капацитет. Тој вели дека кампањата на ВМРО ДПМНЕ беше црна и промовираше страв, додека кампањата на СДСМ не беше сјајна, но беше умерена и промовираше позитивна енергија.

ДУИ очекува на крај од преговорите дека можеби ќе попушти за идејата Албанец за премиер, но таа отстапка дебело ќе ја наплати.

Изненадување е гласовите за Алијанса за Албанците во овие избори.

Сашо Орданоски

„Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е во еден пародичен филм дека се победници, бидејќи се победници кај македонскиот народ. Таму нема да има промени во раководството. Мицкоски нема да си даде оставка, и да не формира влада.

Левица е изненадување на овие избори. Тој додава дека членовите и симпатизерите се пораснати во автократијата на Груевски, и тие луѓе не знаат што е демократија. „Самиот слоган на Левица немаат ништо левичарско, туку се добива впечаток со настапите на Апасиев дека се радикална десница“, додаде Орданоски.

Професорката Јасна Бачовска вели дека многу повеќе очекувала од политичката кампања. Во оваа кампања политичките партии немаа теми, и со стари теми настапија, како што е НАТО, името, Преспански договор, додека корона кризата не беше доволно атрактивна.

Јасна Бачовска

„Можеше и СДСМ поенергично да влезе во кампањата, особено за влезот на НАТО. Опозицијата се бавеше со црна кампања. Кампањата започна од март.

Партиите мислам дека веќе ги знаат резултатите од харт-копиите, но се донесуваат како да се во изборна кампања“, вели Бачовска.

Висар Адеми вели дека во овие избори граѓаните покажаа европски менталитет, за разлика од порано. Избирачкиот список треба да се прочисти и да се направи попис, за да се знае колку жители има во државата и колку луѓе имаат право на глас. Тој вели дека треба да има отворени листи.

Висар Адеми

„СДСМ во 2016 победија без програма и понуда. Но повеќе не поминува тоа кај гласачите, и затоа граѓаните не излегуваат на гласање. Програмите ги рециклираат од 1992 година, без конкретна реализација.

ДУИ одигра добар ПР, и никој не разговараше за криминалот, корупцијата и да не се бара отчет од нив, туку сите зборуваа за премиерот Албанец. Алтернатива и Алијанса не се најсјајни, но мора некој да ги замени ДУИ“, рече Адеми.

Тој нагласи дека албанските гласачи наместо да бараат работа која им следува според Устав, тие бараат работа од партијата ДУИ.

Д.М.