ЦИВИЛ организира панел дискусија со петте кандидати за градоначалник на Штип за предвремените локални избори закажани на 13 декември. Панел дискусијата е во рамки на Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права.
Панелисти или кандати за градоначалници што учествуваат во дискусијата се Симон Поликрап, Интегра, Гоце Ангелов, Коалиција „Иднината во наши раце“, Сашко Николов, СДСМ, Трајче Митев, независен кандидат, Лазар Наумов, ТМРО. Панел дискусијата ја модерира Џабир Дерала.
Панелот се пренесува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, ова е линкот.
Сашко Николов, СДСМ вели дека во овие предвремени локални избори има нов момент на кампања за разлика од претходните парламентарни избори кога можеше да се држат трибини со одреден број на граѓани, сега целата кампања се води онјалн, преку социјалните мрежи и медиумите.
Тој нагласи дека сите кандидати за градоначалник се придржуваат до мерките за заштита од корона вирусот.
Симон Поликрап, од Интегра, панелот гпозапочна со заблагодарување на Господ за можноста што му ја пружи да биде кандидат за градоначалник.
„Одржуваме средби со минимилизиран број на граѓани, и делиме флаери. Штипјани знаат кој Џими и нема потреба да правам голем напор да се претставувам кој сум и што сум“.
Трајче Митев, независен кандидат, вели дека не е задоволен од институциите како што се ДИК и ОИК кој му правеле опструкции, но во овој момент е задоволен како се одвива изборната кампања. Тој истакна и дека изборниот законик е како „швајцарско сирење“.
Лазар Наумов, ТМРО, на панел дискусијата истакна дека изборниот процес се одвива коректно и се припазуваат кон сите протоколи бидејќи се наоѓаме во ситуација на светска пандемија. Тој додаде дека немал ников проблем при регистрација.
На второто прашање што им нудат кандидатите на штипјан(к)и кандидатот Гоце Ангелов, од Коалиција „Иднината во наши раце“, истакна дека им нуди на граѓаните се што е најдобро, а главни точки на програмата е да се продолжи изградбата на започнатата болница, а која не е изградена.
„Во време на пандемија имаме недостаток на болничко сместување.
Во топли води Кежовица да се направат таму спортски центри, отворен и затворен базен и да може сите да се рекреираат, бидејќи тие се голем благодет на градот. Други работи што се тековни ќе ги работиме во тек.
Тој истакнал дека доколку седне на градоначалничката фотеља ќе бара уште еден мандат за да ги реализира своите зацртани проекти.
Николов истакнал дека и во време на претходните парламентарни избори бил на терен и знае кои се потребите на штипјан(к)и.
„Бо населбата Сењак ќе изградиме голема крстосница, улицата „Панче Карѓозов“ е со коцка и планирано е да се направи целосна реконструкција, дел од булеварот Партизанска ќе се реконструира, и ќе изградиме 100 типски куќи за социјално загрозени семејства во наредните 10 месеци во населбата Света Недела, бидејќи е недозволиво наши сограѓани да живеат во такви услови. Во тој дел нема да се сече шумата и приоритет ми е заштита на животната средина.
Браната на реката Отиња после 30 години конечно ќе се направи бидејќи се завршени тендерските постапки и се издвоени 7,5 милиони евра од страна на Владата“, нагласи Николов.
Тој најави и неколку капитални проекти за реконструкција на неколку училишта кои се во градот.
„Прво нешто што ќе направам кога ќе дојдам на власт е да се направи фонд од кој ќе се издвојат средства за бесплатно делење на заштитни маски за секој граѓанин.
Во екот на пандемија во соработка со Црвен крст ќе им помагаме на тие што се болни и изнемоштени лица, на децата со посебни потреби, стари лица и социјално загрозени“, нагласи Николов.
Поликарап истакна дека за 10 месеци колку што има време би изградиле концертна сала каде што се одржува Макфест.
„Кога би имале убава концертна сала тогаш би доаѓале светски познати музичари.
Во слободната текстилна зона ќе се изгради фабрика и облеката ќе се дистрибуира под називот „маде ин Македонија“.
Ќе изградиме Агроберза со сопствена зграда, и сите земјоделски производи да може се складираат на тоа место.
Би изградиле градски модерни порти во влезот и излезот од градот“, истакна Поликрап.
Тој најави дека ќе изгради велосипедски патеки, а преку Фондацијата ќе се делат бесплатни велосипеди на сите граѓани кои немаат средства.
Митев додаде дека поденакво ќе се бори да има здрава животна средина, чист воздух и вода на сите граѓани, подеднакво.
Тој најави чистка во локалната самоуправа, односно да се расчисти со неквалификуваните партиски кадри.
„Прво што би направил е да се сменат филтер цевките што излегуваат во градот. Изградбата на браната Отиња ја подржувам, но се сомневам во реализацијата“, истакна Митев.
Тој додаде дека нема многу „да такса“ оти колку му е чергата толку ќе ги пушта нозете, бидејќи оваа криза не е само здравствена, туку и економска.
Лазар Наумов, од ТМРО додаде дека за него е чест и обврска да биде татко на градот.
„Ќе бидам градоначалник на сите во Штип, без разлика на етничката или верската припадност. Ветувам дека важна ќе ми биде секоја педа од општина Штип. Краток е рокот и не можеме многу да направиме, имаме само 10 месеци. Јас ќе се фокусирам на конкретни мерки кои би им помогнале на граѓаните. Изградба на подземни контењери, канти на секои 100 метри, бањите Кежовица да се реконструираат, градски превоз и можност за приватен градски превоз, професионализација на фестивалот Макфест, и повеќе финансии за Дом на млади.
Ветувам борба со урбаната мафија. Изградба на студенски дом со изградба на студенска менза и таква менза да има и во сите училишта. Изградба на спортска сала со над 7.000 гледачи. Изградба на две катни гаражи за да се среди сообраќајниот метеж“, истакна Наумов.
Митев со порака до граѓаните „сега имате избор граѓани, ништо не ветувам а можам многу да направам“.
Николов истакна дека сите кандидати имаат одлични идеи. Тој ги повика граѓаните да го остварат своето право на глас за општината да може да функционира за да не влезе градот во институционална блокада.
„Како што секој ден одите да купувате намирници за вас и вашите блиски, да дојдете и да гласате за кандидатот кој сметате дека е најдобар, секако со маска и дезинфекција на рацете.
Ангелов додаде дека нема што многу да каже освен да излезат граѓаните и да гласаат за кого мислат дека е најдобро.
Поликарт ветува дека еден динар нема да се изгуби од буџетот ако гласаат за него.
Наумов ги повика граѓаните да излезат на избори за да направат проимени.
Џабир Дерала на крај истакна дека ЦИВИЛ ќе ги набњудува изборите во Штип и дека организацијата е отворена на граѓаните да ги пријават сите поплаки, корупции, заплашувања и прекршувања на гласачкото право…
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски
This post is also available in: Albanian