Вчера околу 19 часот во скопската населба Хром, падна огромна гранка од дрво над куќата на познатата крофнара. За среќа нема повредени лица, пишува граѓанската новинарка Елвира Мустафа.
Поради опасноста беа евакуирани станарите на околните згради, а мастото на настант го обезбедуваа полицајци додека службата на Паркови и зеленило интевенираа во отстранување на гранката.
Дали граѓаните во иднина ќе имаат среќа да не бидат повредени од некое паднато дрво или гранка при посилен ветер или од други временски непогодби, или градските власти ќе се зафатат со работа и ќе ги отстранат сите застарени драва и гранки...