ЦИВИЛ – Центар за слобода, продолжува со проектот „Граѓански објектив“ и ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да се пријават за учество на обука за граѓански новинари што ќе се одржи во понеделник, на 15 август, во хотелот Сити Парк, со почеток од 11:00 часот. Обуката, исто како и последната која се одржа на 11 јуни, е од затворен карактер и сите пријавени граѓан(к)и кои ќе ја завршат обуката, ќе добијат можност да учествуваат во следниот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“. Наградите се пет вредносни ваучери, а првата награда е во противредност од 110 долари.
Под мотото „Бори се против апатијата!“, ЦИВИЛ им нуди бесплатна можност на кандидатите да се стекнат со теоретски и практични знаења за граѓанското новинарство, видео активизмот и низа други интересни области.
Сите заинтересирани кои сакаат да го проверат својот талент за новинарство и да дадат придонес, можат да се пријават до 12 август, на [email protected], едноставно, со мотивациско писмо до 420 знаци (колку три твита), точно име и презиме, телефонски број и линк до Фејсбук профилот на кандидат(к)ите. Бројот на учесници е ограничен.
Целодневната обука за кандидатите чии апликации ќе бидат прифатени од комисијата на ЦИВИЛ, ќе започне во 11: 00 часот, со теоретски дел, по што следува практичниот дел на обуката.
Видео материјалите подготвени од учесниците на последната обука, беа дел од јунскиот циклус за додолеување на награди, а комисијата на ЦИВИЛ одлучи да им додели вредносни ваучери за прво и трето место.
Обуката за доделување награди за граѓанско новинарство се дел од проектот„Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.