Омразата кон Шекеринска не е омраза кон жена?

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

За сите оние што се обидуваат да тврдат дека простачкиот речник на Апасиев кон Шекеринска не е родово базирана навреда, имам една лоша вест.

Само прочитајте ги коментарите и на неговиот пост, а и на стотиците објави и споделувања на разни портали, пејџови и профили ФБ и Твитер. Ќе видите дека говорот на простакот предизвикал цели лавини на повици за убиство, насилство, „кубење на кокошката“, „трескање од земја како стариот у Собрание“…

Ќе ги видевте, да сакавте, и ќе ги осудевте. И нив, и нивниот предизвикувач, поттикнувач и потпалувач.

Но не. Одбирате да релативизирате, и да изведувате процедурално-лингвистички гимнастики. Тоа што не сте ги виделе омразата, родовото дискриминирање и навреди и куп други работи што ги предизвика пцовката на Апасиев, говори многу – не само за вашата површност, туку и за стравопочит кон насилникот, па дури и одобрување.

Пак да ви каже Младичот. Ако не знаете како да се справите со фашисти и идиоти, тргнете се на страна. Има кој знае.