Проектот „Граѓански објектив“, денеска беше презентиран пред штипјани кои покажаа интерес да бидат граѓански новинари и со тоа да се вклучат во дел од активностите на ЦИВИЛ - Центар за слобода. Синиша Станковиќ, уредникот на ЦИВИЛ Медиа, зборуваше за можноста што ја нуди проектот, кој веќе една година го промовира концептот на граѓанското новинарство во Македонија.
На обуката присуствуваше и граѓанската новинарка Тања Кангалова, која за видео веста „Немам доверба во никого“, доби втора награда. Таа го сподели своето искуство и ги повика останатите заинтересирани да известуваат за прекршувањата на човекови права кои секојдневно се случуваат околу нив.
На обуката се зборуваше за различни теми, поврзани со формите на кршење на човекови права кои ги опфаќа проектот, а учесниците на обуката споделија и лични искуства.
Проектот Граѓански објектив е поддржан од National Endowment for Democracy.