Објективното известување е основата за граѓанските новинари

Во пресрет на обуката за граѓански новинари, која ЦИВИЛ – Центар за слобода ја организира во сабота на 11-ти јуни, ЦИВИЛ Медиа, разговараше со Тања Кангалова од Штип, која е една од граѓанските новинарки наградени за своите фото и видео содржини.

12711308_905537426231394_3276497972750980713_o-copy-500x333

Тања Кангалова на церемонијата за доделување награди за граѓанско новинарство

Кангалова беше добитник на втората награда(вредносен ваучер од 80 долари), во првиот циклус од натпреварот,  за видео материјалот: “Немам доверба во никого”. "За мене како студент на новинарство беше предизвик и големо искуство да бидам дел од овој проект, затоа што основата на новинарството е да се известува објективно, а тоа беше и лекцијата која ја научив на обуката на ЦИВИЛ“, истакна Кангалова.

ЦИВИЛ Медиа: Кој беше твојот мотив да се пријавиш на обуката “Биди граѓански новинар” и да бидеш дел од натпреварот со твоја видео сторија?

Кангалова: Јас студирам новинарство, со самото тоа обуката за мене беше добра можност да осознаат нешто ново како е да се биде граѓански новинар и да се известува објективно на различни теми од општеството.

ЦИВИЛ Медиа: Со какви потешкотии се соочуваш на терен како граѓански новинар, дали луѓето се отворени да разговараат и да ги споделуват своите проблеми?

Кангалова: Потешкотии постојано има бидејќи живееме во држава каде луѓето избегнуваат да зборуваат за проблемите со кои се борат во текот на животот. Кога јас бев на терен повеќето не сакаа да зборуваат пред камера за да не бидат избркани од работа и слично.

ЦИВИЛ Медиа: Која е твојата порака за оние кои сакаат да бидат граѓански новинари?

Кангалова: Да не се откажуваат, затоа што упорност  е многу важна кога работиш како граѓански новинар.

ЦИВИЛ Медиа: За што го искористи твојот вредносен ваучер?

Кангалова: Со ваучерот го почестив брат ми нов монитор. Сега сум добрата сестра.


 

Проектот Граѓански објектив е поддржан од  National Endowment for Democracy.
ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да се пријават за учество на обука за граѓански новинарки и новинари што ќе се одржи во сабота, на 11 јуни, во хотелот Сити Парк, со почеток во 10:30 часот. Обуката е од затворен карактер и сите пријавени граѓан(к)и кои ќе ја завршат обуката, ќе добијат можност да учествуваат со своите прилози и на наградниот конкурс за најдобри прилози на граѓански новинарки и новинари. Наградите се пет вредносни ваучери, а првата награда е во противредност од 110 долари.
Под мотото „Бори се против апатијата, рокот истекува на 9 јуни!“, ЦИВИЛ им нуди бесплатна можност на кандидатите да се стекнат со теоретски и практични знаења за граѓанското новинарство, видео активизмот и низа други интересни области.
За пристап до ФОРМУЛАР ЗА УЧЕСТВО кликнете ТУКА. Прилозите може да се испраќаат и на [email protected], а доколку материјалот е преобемен, треба да се користат онлајн сервисите за трансфер, како WeTransfer.
Рокот за пријавување истекува на крајот на денешниот ден.
Проектот Граѓански објектив е поддржан од  National Endowment for Democracy