Новинарството низ објективот на граѓанските активисти

На дводневниот семинар за граѓанско новинарство во Велес, што ЦИВИЛ го организираше на национално ниво, учествуваа и млади ентузијасти, кои помалку или повеќе биле инволвирани во граѓанскиот активизам. 

Нивното препознавање дека активното граѓанско учество може да придонесе кон општествените промени им беше поттик да го прошират своето знаење со нови и иновативни начини за информирање на јавноста и надлежните институции за пролемите со кои секојдневно се соочуваат.

Особено, ова беше можност за младите новинари што доаѓаат од мали населени места. Свесни дека големите медиуми немаат интерес за повеќето од потребите на нивните сограѓани, ја препознаа вредноста на граѓанското новинарство и ЦИВИЛ како директен линк на информацијата и оние до кои таа треба да допре.

Благојчo Костадинов е новинар од Македонска Каменица, за кого нема место и простор во регионалните медиуми. Носен од желбата да го работи она со што најдоборо може да придонесе за своите сограѓани, отвора свој медиум „Be face info“.

Како придонес и благодарност за можноста да биде дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари, Костадниов направи прилог за семинарот за граѓанско новинарство на ЦИВИЛ, на кој и самиот беше учесник.

ЦИВИЛ му се заблагодарува на Благојчо за неговиот придонес кон граѓанското новинарство, во надеж на одлична и долготрајна соработка во иднина.

„Соочувјаќи се суровата реалност во која опстојуваат медиумите во државата, Благојчо, сепак, решава да не се откаже од својот новинарски повик и да продолжи да ги прикажува и добрите и лошите приказни на локално ниво. Се надеваме на успешна соработка што ќе донесе многу промени потребни за подобар и подостоинствен живот на граѓаните“, велат од ЦИВИЛ.

„На семинарот гледам како на една добра перспектива, како неформално образование, бидјеќи не може секој да биде со високо образование и да биде со кфалификација и диплома по новинарство и да се занимава со оваа професија. Се надевам дека како на мене, така и на сите други учесници им помогна да се пронајдат во оваа бранша и да успеат поуспешно да ги прават совите приказни“, изјави Костадинов за неговите имресии од семинарот.

Б. Јордановска

This post is also available in: Albanian