Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, на панел дискусијата на ЦИВИЛ дискусијата „Попис: Статистика, не политика“ во Штип вели дека кога дојде на позиција градоначалник пред два месеца немаше статистика, односно точна бројка на население. Со истиот проблем се соочи како кардиолог кога немале статистика колку пациенти има во источниот регион.
Пописот е суштински значен за една локална самоуправа. Ние немаме податоци колку жители од етничките заедници живеат во нашата општина, не ја знаеме старосната граница.
Ние немаме точни податоци за да може да аплицираме за проекти во Европската унија. Ако имаме податоци ќе знаеме колку градинки, училишта, болници… да се отворат, на пример Клинички центар што е планирано. Ние мора да ги знаеме демографските, социјалните и економските параметри. Треба да ја планираме инфраструктура, но ние немаме статистика за да планираме.
Без попис ќе лутаме и ќе блутаме, нема да бидеме интересни за ЕУ“, вели Николов.
This post is also available in: English