ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавен настан на отворено на тема „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат“ во старата скопска чаршија, пред платото на Универзитетот на ЈИЕ, во среда, 3 април, во 18 часот.
Тимот на ЦИВИЛ ќе ги проектира досега наградените трудови на граѓанските новинари во рамките на проектот Граѓански објектив, а ќе биде достапен да одговори на прашањата на заинтересираните граѓани за проектот и за условите за учество во месечните натпреварувачки циклуси во проектот.
Со музика, проекции и разговори, ЦИВИЛ ќе се обиде да го промовира граѓанското новинарство, но и да им објасни на граѓанките новинарки и новинари како можат да помогнат во изборното набљудување за престојните претседателски избори.