Ќе има инспекциja... Не кажувај на комуњарите!

Анонимен граѓански новинар упадна во комуникацијата меѓу професори на едно скопско средно училиште и го испрати овој „принтскрин“ до ЦИВИЛ.

inspekcija1

Од оваа комуникација дознаваме повеќе нешта. Дознаваме дека се подготвуваат инспекции во средните училишта кои, во случајов, треба да утврдат дали професорите ставаат оценки во е-дневникот. Исто така, дознаваме дека информации од овој вид протекуваат од инспекторатот до дел од наставниот кадар кој треба да биде „изненаден“.

Но, оваа комуникација ни зборува и за поделеноста во наставниот кадар. „Не кажувај на комуњарите“, се вели на крајот од оваа комуникација.


civiv-lenses-logo-en-lf-500x414-500x414Оваа содржина се објавува во рамките на шестиот циклус од наградниот натпревар за граѓанско новинарство на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.