Кандидатот за градоначалник на Штип, Лазар Наумов, од ТМРО, на вчерашната панел дискусијата на ЦИВИЛ истакна дека за него е чест и обврска да биде татко на градот. Тој истакнал дека изборниот процес се одвива коректно и се придржуваат кон сите протоколи бидејќи се наоѓаме во ситуација на светска пандемија. Тој додаде дека немал ников проблем при регистрација.
„Ќе бидам градоначалник на сите во Штип, без разлика на етничката или верската припадност. Ветувам дека важна ќе ми биде секоја педа од општина Штип. Краток е рокот и не можеме многу да направиме, имаме само 10 месеци, меѓутоа ќе се фокусирам на конкретни мерки кои би им помогнале на граѓаните. Изградба на подземни контењери, ке поставиме канти на секои 100 метри, бањите во Кежовица да се реконструираат, ќе воведеме градски превоз и можност за приватен градски превоз, професионализација на фестивалот Макфест, и повеќе финансии за Дом на млади“, нагласи Наумов.
Тој вети борба со урбаната мафија, како и изградба на нов Студенски дом кој ќе има студенска менза и таква менза да има и во сите училишта.
„Ќе изградиме и спортска сала со над 7.000 гледачи, бидејќи само така ќе ги исполнуваме условите да се одржуваат големи спортски настани во нашиот град. Со изградба на две катни гаражи ќе се среди сообраќајниот метеж“, истакна Наумов.
Наумов ги повика граѓаните да излезат на избори за да направат проимени.
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски