Најава за уште едно кршење на изборниот молк

ЦИВИЛ нотира дека социјалната мрежа Фејсбук уште еднаш се користи како платформа за кршење на изборниот молк на 21 април, иако самиот настан тематски е поврзан со промената на името, односно неприфаќањето на Северна како дел од името на државата.На приватни профили се појави повик за протест во Женева, Швајцарија, на 21 април, со најава дека ќе се одржи пред седиштето на ООН. Како организатор се појавува Координативно тело за протести Европа. Протестот е најавен под слоганот „Никогаш Северна, секогаш Македонија“.

По она што може да се забележи, повикувачите на протест се истите оние што повикуваа на протест на 8 февруари во Бирсел, со истата цел, како и на скоро сите протести што се повразни со прашањето за името во дијаспората.

Пред неколку дена, ЦИВИЛ нотира сличен повик што претставува своевидна најава за кршење на изборниот молк и на 4 мај, од Фејсбук страницата „Република Македонија“, насловен како „Мандант револуција“.

ЦИВИЛ ги повикува релевантните институции да реагираат соодветно на своите законски надлежности и да преземат мерки да се спречи кршењето на изборниот молк со незакоснки и недемократски пропагандните активности на социјалните мрежи.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 


Фотографија во прилог на текстот: Александар Кондев