Набљудувач на ЦИВИЛ спречен да влезе во избирачко место

Набљудувач на ЦИВИЛ во општина Тетово бил спречен да влезе да мониторира. Во избирачкото место 1962 сместено во ОУ А.С. Кикиш.

Претседателот на Избирачкиот одбор Ч. Ј. му рекол бидејќи не се најавил претходно не смее да влезе во избирачкото место. Набљудувачот му ги покажал овластувањата од  ЦИВИЛ и ДИК, посочил кон акредитацијата на ДИК, по што Ч.Ј: одговорил дека може, ама под услов да ги остави овластувањата во избирачкото место.

ЦИВИЛ бара Избирачките одбори уште еднаш да се информираат кој сè ги набљудува претседателските избори и дека акредитирани набљудувачи од ДИК не треба посебно да го најавуваат своето присуство. Набљудувачите на ЦИВИЛ се мобилни и немаат обврска по цел ден или по 8 часа да седат во едно избирачко место.

За мобилноста и методологијатан на мониторинг на изборните процеси, вклучително и овој е запознаена и Државната изборна комисија.

ЦИВИЛ, уште еднаш, ги повикува сите учесници во изборниот процес и изборната администрација да ги почитуваат набљудувачите и да не им ја попречуваат работата. Организацијата најостро ќе реагира на секој обид за опструкција на работата на набљудувачите и ќе побара од институциите да бидат строги во спроведувањето на законите.

Никој не смее да ги попречува набљудувачите во вршењето на нивната работа!

Б. Ј.