Во рамки на фестивалот #ЦИВИЛ ФЕСТ се одржа работилница за граѓанско новинарство во МКЦ, од 13 до 16 часот. На работилницата граѓаните се запознаа со основите на снимање, фотографирање и известување за сите проблеми што се дел од секојдневието на луѓето.
Проектот „Граѓански објектив“ е проект за транспарентни и одговорни политички процеси, преку поддршка и популаризација на граѓанското новинарство, подигнување на свеста, граѓанско образование и активизам на граѓаните за човекови права, слобода на изразување, демократија и слободни избори.
Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy.
Д. М.