Мониторинг тимот на Цивил во текот на изборниот процес разобличи повеќе мрежи на лажни профили за кои е утврдено дека се партиски ботови, коишто организирано и оркестрирано шират говор на омраза и лажни вести. На социјалната мрежа Твитер, платформа која овозможува анонимно пласирање и споделување на информации, оваа мрежа, истовремено споделува содржини со поддршка и за ВМРО-ДПМНЕ и за Левица.
Од почетокот на изборниот мониторинг со цел разобличување на лажните вести, и откривање на говорот на омраза на социјалните мрежи, тимот на Цивил нотира низа активности кои имаат цел што поширока дистрибуција на пораки што се дел од црна кампања и да поттикнат што е можно повеќе луѓе да им се придружат.
Ова се дел од тие профили:: @DenicaMMM, @fonspricn, @Fortifikacija, @VojvotKata, @bez_mana, @Effo_Antivirus, @rojsusanto, @AcoMalio, @Vlatko100janosk, @nerazzurro7777, @kurbatseverdzan, @liberatormk, @JeftoMKD, @Voskresi_Ja, @LepceSoSalamce, @Zoki79889487, @C4i7Z, @Biktop16, @LEGIJATA1. Се бележи и дека овие профили често ги менуваат своите кориснички имиња и креираат нови профили за да остават впечаток дека се шират.
Приказ и разработка на мрежата
На 22.06.2020, профилот @aps_aana, инаку познат по мрежата #Бојкотирам, која беше значително активна за време на одржувањето на Референдумот во 2018, пласираше информација (првично споделена од Љупчо Палевски – Палчо, бизнисмен од Скопје), од монтирана фотографија на која е претставена сметка во непостоечка банка на име Вице Заев, со над 1 милион евра.
Како споделувачи и лајкови на оваа објава, се појавија гореспоментатите профили, што покажува огранизирано ширење на оваа лажна вест по социјалните мрежи (@Voskresi_ja, @DenicaMMM, @LepceSoSalamce, @kurbatseverdzan, @Vlatko100janosk, @Effo_Antivirus, @Fortifikacija).
Лајк на една од овие објави стави и Антонио Милошоски, функционер на ВМРО ДПМНЕ и во тоа време кандидат за пратеник во Изборна Единица 5, и Јована Мојсоска, носителка на пратеничка листа во Изборната Единица 5, и функционерка на партијата Левица.
На 23.06.2020, еден од споменатите профили, @kurbatseverdzan, сподели објава за говор на омраза кон Баже Лазевски од Велес, и се приклучи во заканите и повикот за линч кон Баже (повеќе детали во објавата на ЦИВИЛ МЕДИА: линк).
Како коментатори, лајкувачи и споделувачи на оваа објава, повторно се приклучија гореспоментите профили (@JeftoMKD, @fonsprich, @Voskresi_ja, @Effo_Antivirus, @LepceSoSalamce, @fonspricn). Оваа објава повторно има допаѓања (лајкови) од Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.
На 29.06.2020, на социјалната мрежа Твитер интензивно почнува да се шири говор на омраза кон активисти на Шарената Револуција. Па така, активистите Замир Мехмети, (со импликација и на Ермира Мехмети), Влатко Васиљ, и поранешниот пратеник Павле Богоевски се најдоа на мета на Твитер ботовите за ширење навреди и говор на омраза.
Веќе споментатите @DenicaMMM, и @kurbatseverdzan беа едни од првите коишто споделија вакви објави. Реакции на овие објави може да се забележат и од профилите @aps_aana, @JeftoMKD, @Voskresi_Ja, @DenicaMMM, @Effo_Antivirus, @bez_mana, @vojvotKata, @fonsprich, @LEGIJATA1, @VladimirPanche6.
На овој тренд се приклучи и Јована Мојсоска, носителка на пратеничка листа во Изборната Единица 5, и функционерка на партијата Левица. Таа сподели фотографија од активистите Џабир Дерала и Петрит Сарачини, со текст – „Твитерот ќе биде преплавен со соросписки солзи“.
Истата фотографија доби лајк и од Претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев. Како и на останатите објави, и оваа беше споделена од @Effo_Antivirus, @DenicaMMM, двата профили од групата поддржувачи на партијата ВМРО ДПМНЕ и активни поттикнувачи на говор на омраза и лажни вести.
Во предизборниот период, активен на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук со споделување изобилство содржини со говор на омраза и пласирање на лажни вести, беше и поранешниот Претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски кој во декември 2019 беше разрешен од својата функција поради манипулации со распределбата на предмети во судот, а сега е и осуден за тоа кривично дело на три и пол годишна затворска казна.
Мониторинг тимот на Цивил објави и разобличи неколку објави со дезинформации и лажни вести на неговите Twitter и Facebook профили. Истите објави беа споделувани и од многу од профилите во мрежата партиски ботови на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, истите што редовно ги гледаме и во другите случаи опишани во овој извештај.
На 05.07.2020, на своите Tвитер и Фејсбук профили, Панчевски објави монтирано видео со наслов „КРУЈЕМИНИСТРИ ШИПТАР“, и пишува дека спотот е изработен од СДСМ, и дека тие го подржуваат предлогот на ДУИ за премиер Албанец.
Меѓу профилите што реагирале на оваа објава на лажнба вест на Twitter, се и @Effo_Antivirus, @rojsusanto, @JeftoMKD, @DenicaMMM како и професорката Тања Каракамишева.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ меѓу другите објави на Панчевски, забележа и говор на омраза кон ЦИВИЛ. Тој на својот Фејсбук профил објави видео од иницијативата „Гласај“ на ЦИВИЛ, со коментар:
„Ова е Перо (Арсовски), на Џабир другарче од Цивил од кампањата „гласај“, ова десно е што мислат луѓето за Перо“. @Fortifikacija, @DenicaMMM, @aps_aana, @LepceSoSalamce, @Vlatko100janosk се помеѓу профилите коишто ја споделија и оваа објава.
Панчевски исто така сподели видео со навредлива содржина кон сегашни и поранешни функционери од СДСМ.
На видеото коментирале и го споделиле некои од веќе добро познатите: @aps_aana, @rojsusanto, @Fortifikacija, @DenicaMMM, @Vlatko100janosk, @nerazzurro7777.
И Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, како и во претходните случаи, се приклучи кон црната кампања во ова предизборие. Цивил објави содржина од неговото приклучување кон „кампањата теовел“ на профилите-ботови од својата партија.
Милошоски на својот профил сподели видео од две девојки коишто на социјалната мрежа ТикТок танцуваат на ремикс песна (Обиџуко) од говорот на техничкиот премиер Олевер Спасовски. На истата објава, повторно се забележува активност од профилите @JeftoMKD, @DenicaMMM, @rojsusanto, @Zoki79889487, @Voskresi_Ja, @C4i7Z, @Fortifikacija, @Effo_Antivirus, @VladimirPanche6.
На 30.06.2020, на Twitter се појави објава на профилот @fonsprich, каде што сите профили што се спомнуваат погоре во воведот и разработката, јавно се договараат да прават скара на 16.07.2020, дента после предвремените парламентарни избори, веројатно за да прослават победа на партијата којашто јавно ја подржуваат. (линк)
Профилите коишто се споменуваат во објавата, и некои понатаму споменати подолу во коментарите се: @DenicaMMM, @fonspricn, @Fortifikacija, @VojvotKata, @bez_mana, @Effo_Antivirus, @rojsusanto, @AcoMalio, @Vlatko100janosk, @nerazzurro7777, @kurbatseverdzan, @liberatormk, @Biktop16, @pRometej17, @rockatansky191, @BGeorgievski, @mastermindukps4, @olivergeorgievsk.
Најголем дел од овие профили се истите кои Мониторинг тимот на Цивил ги разобличи како пласирачи и дистрибутери на говор на омраза и лажни вести во овој предизборен период. Во коментарите може да се забележи дека профилот @DenicaMMM пишува: „Нè има 100тина ќе се пребројимо и се гледамо да се гушнемо“.
Сево ова е доказ за оркестрираната промоција на партијата ВМРО-ДПМНЕ, (во повеќето случаи паралелно со Левица) и во исто време оркестрирано ширење на говор на омраза, навреди и дезинформации насочени кон останатите политички партии учесници на претстојните предвремени парламентарни избори, како и оцрнување, деградирање, клеветење и поттикнување омраза на етничка основа, но и кон граѓанските активисти и прогресивните сили во општеството воопшто.
Мониторинг тимот на Цивил ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на овој тип на оркестриран говор на омраза, и да ги санкционира соодветно. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени. Исто така лажните вести и дезинформации не носат никому добро, напротив, тие се за една употреба и служат само за дезинформирање на граѓаните. Граѓаните имаат право на точни информации, а не на шпекулации и дезинформации.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ