Многу повеќе од пригодна прес конференција на ЦИВИЛ, без коктели и забави

Зошто и како е формиран ЦИВИЛ во 1999 година? Кои се основните определби и структурата на организацијата? Зошто одбележувањето на 20-годишнината од основањето на организацијата нема да биде со забави и коктели, туку со настани и пораки за актуелни и горливи теми? Кои настани се организираат во последните денови на ноември и во текот на декември?

Тоа се прашањата на кои ќе одговори ЦИВИЛ на утрешната прес конференција (недела, 24 ноември), во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12 часот. Средбата со медиумите се одржува во пресрет на големиот број настани што се организираат до крајот на декември.

Голема конференција со учество на претседателот Стево Пендаровски и најистакнатите експерти и лидери на граѓанското општество, ќе се одржи на 29 ноември во Музеј на Град Скопје. Сашо Орданоски, Мирјана Најчевска, Александар Кржаловски, Фани Каранфиловска Пановска, Алберт Муслиу, Савка Тодоровска, Ибрахим Мехмети и други познати експерти и лидерии на граѓанското општество се на листата од, до сега потврдените, говорнички и говорници на конференцијата. Наспроти големиот број на учесници, конференцијата ќе трае два часа, бидејќи организаторите бараат од учесниците да ги искажат своите пораки во не повеќе од 180 секунди.

Меѓу другите активности во овој период, ЦИВИЛ ќе одржи и панел дискусија по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на правата на лицата со посебни потреби. Фестивал на слободата е мултимедијален настан по повод 10 Декември, Меѓународниот ден на човековите права. Понатаму, ЦИВИЛ ќе проговори и за борбата против корупцијата, изборниот процес, предизвиците и перспективите на Северна Македонија во пресрет на 2020 година.

Како и секогаш, освен за медиумите, утрешната прес конференција е отворена и за сите заинтересирани граѓанки и граѓани.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

  

КЛИКНИ ЗА ФБ НАСТАН

This post is also available in: AlbanianEnglish