АРИАН МЕХМЕТИ, репортер и монтажер
Со тоа што медиумите добиваат свој меѓународен ден за одбележување, тоа значи дека некој треба да се потсети дека медиумите имаат проблем со нивната слобода во работата, дека се попречувани да ја пренесат вистината и тајните од таму каде што медиумскиот мрак е присутен.
Да се биде медиумски работник значи да се биде храбар.
Денес, во време на пандемија, новинарите, камерманите и сите други медиумски работници, треба повторно, освен за време на војна, да го ризикуваат своето здравје за да не дозволат да има прекин на информирање за тоа што се случува, додека сите зависиме од тие информации.