Маневски: Македонија нема да биде иста после пописот

„Постои страв од тоа какви ќе бидат резултатите од пописот. Тој страв е ред сè поради наследени предрасуди“ вели главниот уредник на ТВ Ирис, Војо Маневски, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – „Попис: Статистика, не политика“ во Штип.

Тој истакна дека ние како општество сме препознатливи по тоа да донесеме пресуди пред нешто да се започне и пред да заврши.

„Статистиката не може да биде филозофија. Пописот не смее да се политизира, меѓутоа резултатите од пописот мора да бидат политика, за да се креираат програми и политики.

Како пример, според статистика на гледачи од пописот од 2002 година се плаќа концесија. Како медиум немаме точни податоци колку гледачи имаме.

Ние не знаеме дали имаме потреба од 120 пратеника, или 16 министри. Сите тие политики ќе ни зависат од резултатите од пописот.

Како медиуми имаме обврска да пренесуваме вистински информации во врска со пописот. Тоа е нужност, се друго е манипулација и лажни вести. Македонија ќе има потреба да се менува, нема да биде иста после пописот“, вели Маневски.

Tој истакна дека според резултатите добиени од пописот, на пример доколку се покаже дека имаме 1.600.000 граѓани во земјава не може да има 300.000 членови на политичка партија, бидејќи „тоа не е нормално за еден политички процес, тоа е клиентализам“, истакна Маневски.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Мелиса Муриќ