Поранешниот премиер и сè уште пратеник кој зима плата од македонското Собрание, Никола Груевски и во Будимпешта бега од медиумите. Тој завчера беше фотографиран, а вчера снимен како руча во луксузен ресторан.
Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ со брзи чекори избега и се качи во автомобилот во кој го чекаше личен возач, одбивајќи да одговори на новинарските прашања од новинарот Барди Балинт.
На социјалните мрежи покрај „сеирот“ имаше и такви тези дека експремиерот намерно се појавува во јавноста.
За две недели јавноста ќе добие одговори за бегството на Груевски кој веќе два дена по ред слободно се движи низ главниот град на Унгарија, вети скопското обвинителство кое води предистражна постапка.
Д.М.